Превентивни прегледи

Милиони пациенти во светот го победуваат канцерот. Канцерот може да се победи, но најважно е да се открие на време.

Грижете се за вашето здравје. Голем дел од овие болести нe даваат знаци во раниот стадиум. Превентивните прегледи се првиот чекор во раното дијагностицирање на малигните заболувања. Најчестите карциноми може да се откријат преку рутински здравствени контроли.

 

Карцином на дојка

Карциномот на дојката може лесно да се дијагностицира доколку редовно правите ехо на дојки и мамографија. Секоја жена на возраст над 40 години треба еднаш на две години да направи мамографија, а на возраст од 50 години овој скрининг треба да се спроведува кај секоја жена еднаш годишно. Кај помладите, пак, над 20 години се препорачуваат редовни ехо прегледи на дојка.

Карцином на грло на матка

Карциномот на грлото на матката може да се дијагностицира преку ПАП тест. Целта на превентивните гинеколошки прегледи е откривање на промените на грлото на матката пред да се развие малигната болест. Што порано се дијагностицира, шансите за излекување се поголеми. Во почетниот стадиум болеста најчесто нема никакви симптоми. Се препорачува еднаш годишно секоја жена да направи гинеколошки преглед кој вклучува ехо и ПАП тест.

Карцином на простата

Многу е важно да ги почитувате советите на докторите и во зависност од вашата возраст да правите редовни скрининг тестови. еден од најважните превентивни прегледи што треба да бидат направени кај секој маж е прегледот на простатата. Карциномот на простата, како и дебелото црево, е поврзан со возраста и најчесто се јавува кај мажи над 50-годишна возраст. Скринингот на простата вклучува одредување на PSA тумор маркер, ректален преглед и ехо еднаш годишно.

Карцином на дебело црево

Скринингот за карцином на дебелото црево е многу важен за мажи и жени над 50 години. Овој скрининг вклучува тест за фекално крвавење и колоноскопија.

 

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language