Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во регионот. Од самото отворање „Аџибадем Систина“ инвестираше во најновата генерација на магнет 1.5 Tesla и со тоа за првпат во Македонија беа воведени нови современи здравствени услуги. Седум години подоцна, со цел да биде во чекор со најновата медицинска технологија, „Аџибадем Систина“ инвестира во најновата генерација на магнетната резонанца 3 Tesla. По своите карактеристики и технологии овој апарат е единствен од ваков вид во цела Југоисточна Европа.

За предностите на магнетната резонанца 3 Tesla разговаравме со д-р Душко Михајлоски, шеф на Одделот за дијагностичка и интервентна радиологија во Клиничката болница  „Аџибадем Систина“.

Едни од главните дилеми и стравови на пациентите е  дека снимањето на магнетната резонанца е штетно по нивното здравје, односно дека ги „зрачи“? Дали снимањето на магнетна резонанца е безбедно?

Магнетната резонанца комерцијално се применува повеќе од 30 години, а во истражувачки цели и многу подолго, и досега нема апсолутно докажано ниту еден траен негативен ефект. Краткотрајно во текот на снимањето кај пациентот може да се појави чувство на топлина, понекогаш главоболка или вртоглавица, но тоа е минливо и нема никакви трајни последици. Снимањето е толку безбедно што за разлика од компјутерската томографија и рендгенот, магнетната резонанца е безбедна и за снимање бремени жени и фетусот. Магнетната резонанца користи сили на магнетно поле од 1, 1 и пол, 3 Tesla, кои се прифатливи во клиничка пракса. За споредба, во истражувачки цели се користат и појаки магнетни полиња од 4, 7, 9 Tesla, па дури и кај нив не се случуваат никакви несакани ефекти. Оваа доза магнетни бранови човечкото тело може да ја прими во одреден временски период без никакви последици. Самиот апарат точно пресметува колку електромагнетни бранови треба да емитира со цел да не му наштети во никаков случај на човековото тело. Така што, магнетната резонанца е целосно безбедна процедура.

Dr Dusko Mihajlovski 4

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ инвестираше во најновата генерација на магнетна резонанца 3 Tesla. Што всушност добиваат пациентите со ова? Кои се предностите на овој апарат во споредба со магнетната резонанца 1.5  Tesla?

„Магнетната резонанца 3 Tesla претставува еволуција во технологијата и, секако, во можностите за дијагностицирање. Има бројни предности како за пациентот така и за нас, докторите, кои ги откриваме промените во телото. Новата генерација на магнет го зголемува квалитетот и ја зголемува резолуцијата на снимката, што ни овозможува да забележиме уште поситни структури и промени. Снимката добиена со 3 Tesla магнет овозможува порано да се видат настанатите промени отколку што би се виделе на 1.5  Tesla. Сме имале пациенти кај кои на снимка добиена со магнет 1.5  Tesla не се забележува никаква промена, а кога ќе се врателе со снимка од 3 Tesla магнет направена во странство многу јасно се дефинира таа промена.

Предноста на 3 Tesla магнетот особено се истакнува за детекција на мозочни заболувања, без разлика дали станува збор за вродени заболувања или од инфективна природа. 3 Tesla има апсолутна предност над MRI 1.5 Т затоа што многу попрецизно ги покажува мозочните структури и промени.

Со еден збор, 3 Tesla магнетната резонанца овозможува да се направи поквалитетен преглед на пациентот. Тоа е добро и за пациентот и за интернистот, хирургот, кардиологот... Кога ние ќе му дадеме попрецизна дијагноза или кога промената што ја гледаме ќе му ја ограничиме и дефинираме попрецизно и за хирургот тоа е многу подобро. Ова е особено важно кај операција на мозок, точно утврдуваме кој дел треба да се оперира бидејќи во мозокот има центри каде не смеете да интервенирате. “ вели д-р Душко Михајлоски.

Dr Dusko Mihajlovski 3

Повеќе комфор и пократко време на снимање

Комодитетот и ширината на тунелот е многу поголем кај новиот апарат за магнетна резонанца. Дополнително, зголемена е и масата на која се поставува пациентот и практично сега може да се снимаат и пациенти кои имаат поголема тежина. Ако на 1.5  Tesla може да се снимаат пациенти со тежина до 130 кг, сега лимитот е над 200 кг.

„Се случувало порано да не можеме да ги снимиме пациентите поради тежината или затоа што не ги собира во тунелот.  Пациентите со клаустрофобија може да се снимаат и со анестезија на специјален анестезиолошки апарат кој е компатибилен со магнетот. Дополнително, технологијата Silent scan вградена во апаратот драстично ја редуцира бучавата при снимање. Во одредени секвенци при снимање глава, ’рбет и мускулни структури е целосно бесшумен“, вели д-р Михајлоски.

Нови интервенции достапни за пациентите

Во новиот магнет се инсталирани нови технологии кои овозможуваат да се применат и нови интервенции.

„Нашиот апарат е опремен со сите најнови модификации кои имаат значителна предност за пациентот. Овој апарат е опремен со т.н. Magic секвенца. Секој преглед на магнетна резонанца се состои од секвенци. Бројот на секвенци зависи од тоа што треба да се сними кај пациентот. Новиот магнет овозможува до 6 секвенци во едно снимање, и тоа снимање трае околу 6 и пол минути. Доколку тие секвенци би се правеле поединечно, снимањето ќе трае минимум 20 минути. Тоа значи дека магнетот 3 Tesla го скратува времето за снимање за две третини. Скратеното време значи многу за пациентите, а од друга страна, колку што е пократко времето толку повеќе се избегнува можноста пациентот да стане нестрплив и да мрдне. При снимањето многу е битно пациентот да биде апсолутно мирен“, вели д-р Михајлоски.

Dr Dusko Mihajlovski 1

Со новиот апарат за магнетна резонанца за пациентите во „Аџибадем Систина“ достапни се нови услуги

„Опремен е со сè што може да се опреми еден ваков апарат. Со тоа сега на пациентите може да им понудиме интервенции кои порано не сме можеле да ги направиме. Една од нив е спектроскопија, која овозможува да ја откриеме количината на одредени метаболити на ниво на клетка па оттаму и да поставиме попрецизна дијагноза. Спектроскопијата може и да разграничи попрецизно до каде се шири промената или да видиме како реагира третманот на одредена зрачна и хемотерапија. Имаме можност да мериме брзина на протокот на крвта и ликворот. Уште еден нова услуга е и ангиографија, односно снимање на крвните садови без контрастно средство, што е многу важно бидејќи постојат пациенти кај кои не смеете да дадете контраст“, вели д-р Михајлоски.

Скрининг на цело тело (Total body MRI 3 Tesla)

Со помош на магнетната резонанца 3 Tesla може да се направи и скрининг на целото тело. Total body MRI 3 Tesla се спроведува во две цели. Едната е за одредување на стадиум на болеста кај малигните заболувања, особено кај лимфомот каде се бараат зафатените лимфни јазли. Има голема предност за да ги прикаже секундарните метастази. Врз основа на тоа се одредува и начинот на терапија.

„Другата намена е за скрининг на целото тело кај лица без здравствени проблеми. Оваа услуга е всушност здравствен check up, детален систематски преглед кој се применува во сите светски здравствени центри. Со оваа услуга добивате приказ на вашата здравствена состојба со само едно снимање кое трае помалку од еден час и без зрачење. Total body MRI 3 Tesla е одлична замена за класичниот систематски преглед кој го правиме еднаш годишно, со тоа што овој преглед е многу подетален. Може да покаже промени во мозокот, абдоменот, градниот кош, се гледа дали постојат одредени промени во телото. Доколку се открие одредена промена, Total body MRI е појдовна точка за понатамошен детален преглед“, вели д-р Михајлоски.

Сите снимања на новиот апарат за магнетна резонанца се со попуст од -20 % до почетокот на месец март.

 

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во земјава е достапен во „Аџибадем Систина“. Моќниот сигнал на магнетно поле и поголемиот комфор овозможуваат бројни предности за пациентот и лекарот во споредба со стандардниот MRI 1.5 Tesla.

Магнетната резонанца е апарат кој не користи јонизирачко зрачење за разлика од другите апарати. Претставува метода која во процесот на создавање слика користи магнетно поле. Со самото тоа што користи магнетно поле, не постојат никакви штетни влијанија врз пациентот и неговото здравје.

Скратено време на снимање

Со MRI 3 tesla времето на снимање е намалено за 30%, во споредба со MRI 1.5 Tesla. За една секунда може да се добијат 20-30 слики на мозок, црн дроб, срце, бубрези и другите внатрешни органи. За само две минути MRI 3 Tesla произведува повеќе од две илјади слики со кои се проценува функцијата на органите. Во исто време двојно поголемата сила на магнетно поле овозможува прецизен приказ на внатрешните структури и органи, како и детекција на промени кои се невидливи со MRI 1.5 Tesla.

Тивок и удобен

Технологијата Silent scan вградена во апаратот, драстично ја редуцира бучавата при снимање во споредба со MRI 1.5 tesla. Во одредени секвенци при снимање глава, ’рбет и мускулни структури е целосно бесшумен. Зголемениот комфор на пациентот за време на снимањето е овозможен со поширок цилиндар за 70 см. Комфорот е надополнет и со поширока маса за снимање која поднесува поголема тежина до 250 килограми.

Скрининг на цело тело со 1 снимање (Total body MRI 3Т)

Скен на цело тело може да се направи единствено со апаратот за магнетна резонанца со моќ од 3 Tesla. Снимањето се состои од 5 дела, по системи и органи, и е овозможено благодарение на специфична програма вградена во апаратот. Благодарение на ова се добива слика на цело тело за  помалку од еден час. Услугата „Total body MRI 3Т“ светските медицински центри ја користат како најефикасен check-up метод за рана дијагноза, како и за проценка на состојбата на сите органи и системи, вклучувајќи ги и крвните садови. MRI 3 Tesla овозможува приказ на крвни садови без користење контрастно средство. 

*Сите снимања на новиот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla се со промотивен попуст од 20% до почетокот на месец март.

Тумор маркерот НЕ4 и СА125 преку ROMA алгоритамот се најновата генерација дијагностички процедури. Покрај тоа што овозможуваат дијагностицирање на карцином на јајчници во почетен стадиум, со нив може да се пресмета и ризикот од карциномот на јајчници. Овие два револуционерни теста за првпат во земјава се воведени во „Аџибадем Систина“. Тумор маркерот НЕ4 има највисока осетливост и специфичност за откривање на карцином на јајчник, особено во првата фаза на болеста, кога пациентката не чувствува симптоми. Во сооднос со маркерот СА125, даваат најпрецизни резултати за присуство на карцином на јајчници или повторување на карциномот.

ROMA тестот го одредува ризикот за развој на карцином на јајчници

Со помош на овој тест може да се предвиди опасноста за развој на карцином на јајчниците. Измерените вредности од серумските концентрации на тумор маркерите СА125 и НЕ4 се клучни во донесувањето одлука за третман на пациентката. Ефектот од пресметувањето на ризикот со помош на ROMA алгоритамот е докажан во повеќе светски клинички студии. Овој тест им помага на докторите да ги класифицираат пациентите во групи со низок или висок ризик за појава и развој на епителните тумори на јајчниците.

Карциномот на јајчници е петтиот најчест канцер кој се јавува кај женската популација. Редовните гинеколошки и ултразвучни прегледи се најдобра превенција бидејќи со откривање во рана фаза, поголема е можноста за целосно излекување.

Кои се ризик фактори?

Тешко е да се одредат ризик факторите кои доведуваат до појава на карцином на јајчникот. Во 5-10% од случаите причина е наследниот фактор. Ризикот се зголемува доколку двајца или повеќе членови во семејството имаат карцином на јајчник, матка, дебело црево или дојка. Зголемен ризик фактор од карцином на јајчници имаат и постари жени кои никогаш не родиле, како и жени кои не можеле да останат бремени поради ендометриоза. Други ризик фактори се пушењето, дебелината, земањето хормонска терапија кај пациентки кои сакаат да забременат.

Симптоми

Карциномот на јајчници не дава никакви симптоми во почетна фаза, па од оваа причина кај две третини од заболените тој се дијагностицира во напреден стадиум. Бидејќи овој карцином нема симптоми, подолг период расте во абдоминалната празнина  без да предизвика одредени симптоми. Меѓутоа, надуеноста во стомакот, карличната и стомачна болка, брзо чувство на заситеност, проблеми со мокрењето, болки при однос, болни менструации, гадење, повраќање се дел од симптомите за оваа болест. Во последниве години се смета дека еден од симптомите на болеста е и драстично слабеење.

Како се дијагностицира?

Карциномот на јајчниците се дијагностицира при гинеколошки преглед. Со помош на ултразвучен преглед, гинекологот може да го дијагностицира туморот во јајчникот, и по одредени карактеристики да одреди дали се работи за малигнен или бенигнен тумор. По гинеколошкиот преглед, доколку постои сомневање за карцином на јајчници, се прават лабораториски тумор маркери. Како дополнителни дијагностички процедури се и компјутерска томографија и магнетна резонанца. Дефинитивната дијагноза се поставува по операција, каде хистопатолошки се испитува сомнителниот материјал и се утврдува типот и стадиумот на болеста, од кои зависи понатамошната терапија.

Лекување и третман

Карциномот на јајчници се лекува. Третманот за карциномот на јајчници е најчесто со хируршка интервенција. Кај пациентки кои се дијагностицирани во ран стадиум од болеста не е потребна друга терапија освен хируршка интервенција. Кај другите, постоперативното лекување продолжува со хемотерапија или доколку се работи за локално напредната болест, лекувањето може да започне со хемотерапија, по што би следел оперативен третман. За пациентите во „Аџибадем Систина“ достапна е нова таргет терапија која делува директно на клетките на карциномот со што се постигнуваат успешни резултати во лекувањето на карциномот на јајчници.

 

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ достапна е последната генерација цитостатици кои даваат најдобри резултати во третманот на канцер. Терапијата со цитостатици пациентите ја добиваат во дневната болница, која располага со 11 посебни боксови опремени да обезбедат максимална интимност и комфор.

Зошто најновата генерација цитостатици ветува успех во лекувањето?

Благодарение на напредокот на медицината, лековите кои се применуваат во третманот на канцер низ годините го менуваат составот со цел да бидат што поефикасни. Предноста на последната генерација цитостатици е во тоа што имаат максимално дејство врз уништувањето на клетките, а се со помали несакани ефекти врз здравјето на пациентот.

Индивидуален план за терапија со цитостатици

Болните се лекуваат со најсовремена онколошка терапија која се креира индивидуално, според направените молекуларни анализи во Лабораторијата за хистопатологија. Пациентите можат да ги направат сите потребни иследувања во еден ден. Резултатите ги разгледуваат лекари од разни специјалности, што е дел од мултидисциплинарниот пристап во третманот на пациентите во болницата.

Пациентите може да примаат терапија во домашни услови

Новина на Одделот за онкологија во „Аџибадем Систина" е можноста пациентите што имаат потреба од повеќедневна непрекината хемотерапија, да ја спроведат во домашни услови, со користење пумпа за хемотерапија која пациентите ја носат под облеката, и можат непречено да функционираат. Пациентите таа можност ја имаат за првпат во Македонија.

Во Центарот за онкологија и радиотерапија на пациентите им е достапна најсовремена биолошка терапија која делува на ниво на рецепторите на клетките на канцерот. Со помош на биолошката таргет терапија се постигнува уништување на канцерогените клетки преку стопирање на нивната активност и делба со што клетките умираат на природен начин.

Со помош на оваа револуционерна терапија карциномите добиваат хроничен тек бидејќи туморот постои, но не се шири, и со тек на време изумира на природен начин. Биолошките лекови се всушност тип на антитела кои имаат способност да ги препознаат  клетките на канцерот и да го стопираат нивниот раст.

Предноста на ваквата терапија е што лековите не ги уништуваат здравите клетки на организмот со што не се нарушува и општата состојба на пациентот. Ваквата терапија е револуционерно откритие во изминативе години со кое се постигнуваат одлични резултати во третманот на одреден вид карциноми. Истражувањата покажуваат дека биолошка терапија има големи резултати во третманот на карцином на дојка бидејќи клетките на овој карцином се осетливи и добро реагираат на таргет терапијата. 

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language